И жената знае да вози

Балетска продукција
  • „И жената знае да вози” премиерно е одиграна на 11 јуни 2007 година во Драмски театар, а потоа е два пати репризирана  во Универзална сала, со вкупна посетеност од околу 1000 гледачи.

    Синопсис

    Секојдневниот живот на една жена, нејзиното гледиште и доживување на светот, како и предизвиците со кои таа е соочена се причина за пронаоѓање на целта и излезот од негативната психофизичка состојба. Мотивот и реалната ситуација која оваа балетска продукција ја прикажува е тоа како жената успева да се избори со својата потсвест. Таа дозволила потсвеста да владее со неа и таа ситуација не и дозволува да ги “извози” проблемите. Реално, проблемот постои, гласно се кажува и на моменти се мисли дека е решен, но тоа нема да биде така – сe додека не се победи потсвеста, таа ќе надвладејува. Но жената успева да ја надвладее својата потсвест, го решава својот проблем, се соочува со реалноста и го живее животот без секојдневно мислење на темата која ја опседнувала. Таа треба да знае кој е вистинскиот пат и да сфати дека се било само една обична, слепа случајност.

    Кореографија: Александра Никифоровскa                                                                                                          Музика: Танго                                                                                                                                                              Пијанисти: Елена Граматиковска и Дуња Иванова
    Улоги: Жена – Александра Никифоровски,
    Маж – Милан Диневски,
    Девојка – Наја Баждавела,
    Визија за совршен маж – Јан Кисилев
    Ансамбл: Мирјана Николовска, Ана Димчевска, Кристина Димовска, Елена Јанева,
    Јоана Стојчевска, Мартина Петковска, Борјан Тетиев

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА