Ени

Кореодрама
  • „Ени” премиерно е одиграна во септември 2013 година во Македонска Опера и Балет, а потота е репризиран дванаесет пати во Драмски театар, со вкупна посетеност од околу 4000 гледачи.

    Синопсис

    Во далечната 1924 година од Херолд Греј е напишана комичната книга „Малото сираче Ени“ (The little orphan Annie). Во 1982 година по мотивитена „Малото сираче Ени“ е направен и филм кој го добил името „Ени“. Испирирани од овој филм одлучивме да направиме балетска претстава – мјузикл под истото име.

    Ени е младо сираче кое живее во сиропиталиштето на улица Хатсон во Њујорк. Нејзината најголема желба е да ги пронајде своите родители и да ги праша зошто е оставена во сиропиталиштето. Таа е сопрена во остварувањето на својата цел од суровата алкохоличарка која воедно е нејзин надзорник и воспитувач – г-ѓа Агата Ханиген. Секогаш кога ќе биде уловена од г-ѓа Ханиген во намерата за бегство од сиропиталиштето за да ги пронајде своите родители, Ени е казнувана заедно со другите деца да го чистат сиропиталиштето сред ноќ. Со помош на г-дин Банделс и останатите девојчиња од сиропиталиштето, таа успева да избега од таму и да го пронајде своето куче Сенди, кое ќе стане нејзин најдобар пријател. Еден ден во сиропиталиштето доаѓа г-ѓа Грејс Фарел која е секретарка на милјардерот г-дин Оливер Ворбакс со цел да одбере едно дете кое ќе живее една седмица во неговата палата поради подигнување на својот имиџ. Таа ја одбира Ени заедно со нејзиното куче Сенди.

    Откако пристигнуваат во палатата Ени ги запознава сите помошници кои се воодушевени од нејзината искреност и од палавоста на кучето Сенди. Кога пристигнува г-дин Ворбакс тој очекува сирачето да биде момче и инсистира Ени да се врати назад во сиропиталиштето. Г-ѓа Фарел искрено го замолува да дозволи Ени да остане во палатата бидејќи неа премногу и се допаѓа Ени. Откако г-дин Ворбакс добива желба да ја посвои Ени и и го кажува тоа, Ени го замолува да и помогне да ги најде своите биолошки родители. Тој заминува во сиропиталиштето за да ги земе нејзините документи кои ќе му помогнат полесно да ги најде родителите на Ени. Г-ѓа Ханиген се обидува да го заведе и научи да не ги потпишува документите за усвојување, но во тоа не успева. Во потрагата се појавуваат само лажни родители испратени од г-ѓа Ханиген само за да успеат да ја земат паричната награда од г-дин Ворбакс. По неуспешната потрага Ени се разочарува. Со текот на времето г-дин Вoрбакс сфаќа дека чувствува огромна љубов кон Ени и и предлага да ја посвои. Ени го посакува тоа, а г-дин Ворбакс и г-ѓа Фарел стануваат нејзини родители. Г-дин Ворбакс се грижи се грижи и за останатите девојчиња од сиропиталиштето.

    Режија/Кореографија: Александра Никифоровски                                                                                                               

    Асистент кореограф: Елена Митевска / Даница Димовска
    Костимограф: Благородна Коцева Симјанов
    Музика: Ени (Ени / филм, 1982)
    Аранжман на музика: Гоце Наумовски
    Улоги: Ени – Теа Стефановска,
    Г-дин Ворбакс – Игор Веланоски / Бојан Лазаров,
    Г-ца Фарел – Габриела Павловска / Александра Никифоровски,
    Г-ца Ханиген – Надица Цикаска Ристеска,
    Моли – Илијана Буховски / Софија Пановска,
    Лили – Даница Димовска / Федерика Ј. Донегати,
    Рустер – Марјан Јанков / Бојан Лазаров,
    Послуга – Аница Илиќ, Магдалена Крстевска, Ангела Јордановска,
    Ивана Пановска, Давид Малиновски, Џои Стаут, Хана Папранику, Јана Трпковска, Федерика Ј. Донегатти, Дина Геговска, Мишел Јовановска
    Ансамбл: Учениците од ББ Училиште

    Извадок од балетската продукција (Видео)

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА

    ФОТОГРАФИИ ПОЗАДИ СЦЕНА