Сон на Летната Ноќ

Балетска Продукција
  • Сон на Летната Ноќ

    Булфрогс Балет Продукција ја донесе самовилската магија на летната ноќ од Атинската шума на сцената на Македонскиот народен театар.

     

    „Сон на летната ноќ“ беше премиерно изведена на 19 јуни 2016 година, како балет во два чина. Булфрогс продукцијата на Шекспировата комедија е инспирирана од и базирана на кореографијата на светски реномираниот кореограф Џорџ Баланшин, кој за прв пат ја поставува Сон на летната ноќ за New York City Ballet во 1962 година.

    „Сон на летната ноќ“ ја одбележа и соработката меѓу Bullfrogs Ballet School и Националниот балет на Косово, а премиерата беше поддржана од Алфа Парф Милано – Македонија и Министерството за култура на Македонија.

    Кореографија: Александра Никифоровски
    Асистенти на Кореографија: Елена Митевска, Стефанија Кузмановска, Кристина Димовска, Џој Стаут, Ана Димчевска
    Музика: Феликс Менделсон – Overture and incidental music to A Midsummer Night’s Dream, Op.  21 and 61 (1826, 1843); Overtures to Athalie, Op. 74 (1845) и The Fair Melusine,Op. 32 (1833); The First Walpurgis Night, Op. 60; Symphony No 9 for Strings (1st, 2nd and 3rd movements, 1823); и overture to Son and Stranger, Op. 89 (1829)

    Костимографија: Маре Трајковска
    Шминкa: Снежана Ангеловска
    Креативен тим: Јоана Стојчевска, Надица Панковска и Снежана Ангеловска
    Дизајн на проекции: Надица Панковска
    Светло: Владо Ќулавковски и Игор Ѓоргиевски
    Аудио и видео: Давор Черепналковски
    Тон: Ненад Трпеновски
    Дизајн на плакат: Филип Мирчевски
     

    ИГРААТ

    ТитанијаКралица на самовилите – Јета Мусоли (Национален Балет на Косово)
    Оберон , Крал на самовилите – Синан Кајтази (Национален Балет на Косово)
    Пук – Игор Веланоски (Македонска Опера и Балет)
    Ботом—Бојан Лазаров
    Хермија – Аулона Нухиу (Национален Балет на Косово)
    Хелена – Теута Красниќи (Национален Балет на Косово)
    Деметар – Фатмир Смани (Национален Балет на Косово)
    Лисандар – Крешник Мусоли (Национален Балет на Косово)
    Самовилите на Титанија – Мишел Јовановска, Федерика Ј. Донегати, Џој Стаут, Јана Трпковска, Дина Геговска, Анастазија Китановска, Леона Марку (Булфрогс Балет) и Етрита Абдулаху (Национален Балет на Косово)
    Самовилите на Оберон – Бистра Младеновска, Теа Стефановска, Ива Бајалџиева, Керолајн Бутемер (Булфрогс Балет)
    ХиполитаКралица на Амазонките – Стефанија Кузмановска
    ТезејВојвода од Атина – Фисник Смани  (Национален Балет на Косово)
    Работници— Стефан Трипунов и Горан Трајаноски
    Ансамбл – учениците од Булфрогс Балет

    ПРВ ЧИН – Ноќ во шумата близу Атина

    Во Атина се подготвува свадбата на Војводата Тезеј и кралицата на Амазонките – Хиполита, а работниците подготвуваат театарска претстава за младоженците. Во кралство на самовилите пак, кралот Оберон и кралицата Титанија, се расправаат за малото бубаче кое и двајцата го сакаат. Налутен, Оберон му наредува на Пук да го донесе цветот кој е прободен со стрелка на Купидон – кој предизвикува секој кој ќе биде под негово дејство да се заљуби во првата личност која ќе ја здогледа – и да ја маѓепса Титанија.

    Во друг дел од шумата, Хелена го среќава Деметар – таа е вљубена во него, но тој ја сака нејзината другарка Хермија. Деметар ја отфрла и продолжува по својот пат. Гледајќи го тоа, Оберон му наредува на Пук да го маѓепса Деметар со цветот, за тој да и ја возврати љубота на Хелена. Вљубените Хермија и Лисандар пак, после долго шетање низ шумата се разделуваат. Извршувајќи ја наредбата на Оберон, Пук наместо Деметар по грешка го маѓепсува Лисандар, кој здогледувајќи ја Хелена, под дејство на магијата и изјавува љубов. Хермија ги здогледува, најпрво зачудена, а потоа целосно разочарана. Во меѓувреме, Пук успева да го пронајде и Деметар и го маѓепсува и него. Хелена е конечно задоволна бидејќи Деметар ја сака, но сега вљубени во истата девојка, Деметар и Лисандар почнуваат да се расправаат.

    Продолжувајќи да ги исполнува наредбите, Пук ја маѓепсува Титанија додека таа спие во нејзиниот кревет. За да направи дополнителна пакост, Пук го одвојува Ботом од групата работници и ја претвора неговата глава во магаре. Титанија се буди, го здогледува Ботом и се заљубува во него. Откако лутината на Оберон ќе му помине, тој го праќа Пук да ја прекине магијата врз неа и таа повторно се вљубува во својот Крал.

    Назад во шумата, меѓу Хермија, Хелена, Лисандар и Деметар се уште владее љубовен неред. Оберон му наредува на Пук да го врати редот и љубовта меѓу паровите. Користејќи своите моќи, Пук успева да ги раздели сите четворица. Младите девојки заспиваат уморни од барањето на своите љубени низ шумата, Пук успева да го однесе Деметар до Хелена, а Лисандар до Хермија и конечно става крај на љубовниот неред. Војводата Тезеј и Кралицата Хиполита ги наоѓаат љубовниците заспани во шумата,ги будат и најавуваат свадба за себе и за двата пара.

    ВТОР ЧИН—Во дворот на Војводата Тезеј

    Во дворот на палатата од Војводата Тезеј започнува венчалната прославата. Се танцува во чест на трите пара младенци. По завршувањето на венчавките, дјствието се враќа во царството на Самовилите во шумата. Оберон и Титанија се повторно заедно, а целиот шумски свет го прославува среќниот крај.

    Извадок од претставата (Видео)

    ПРВ ЧИН (Видео)

    ВТОР ЧИН (Видео)

  •  

    ФОТОГРАФИИ  ОД ПРИМИЕРА

    ФОТОГРАФИИ  ПОЗАДИ СЦЕНА