Стефанија Кузмановска

Стефанија Кузмановска

Балетски педагог

Стефанија Кузмановска започнува да се занимава со балет на 6 години во балетското студио Ребис, од каде продолжува во нижото балетско училиште „Илија Николовски – Луј“, во класата на професорката Елисавета Кушовска. Во текот на школувањето гостува на натпревари во Белорусија и Бугарија каде освојува први награди. По завршувањето на нижото балетско образование, таа продолжува со средно образование во државното балетско училиште „Илија Николовски – Луј“. Паралелно со школувањето, Стефанија учествува во репертоарот на балетот во Македонската опера и балет. Дополнително, таа учествувала во мјузиклот „Чија си“ на Сашко Насев, прикажан на Охридско лето 2004, како и во приватниот проект „Црвенкапа“, кој се прикажува на Скопско Лето 2005 година. Стефанија дипломира балетска педагогија во 2011 година на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров“ во Софија – Бугарија, во класата на доцент Калина Богоева. Во 2014 се запишува на пост-дипломски студии на Факултетот за Музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кадетрата за Балетска педагогија. Нејзиниот магистерски труд е насловен “Лајт-тематски развој во кореографската структура на класичниот балетски репертоар”. Од 2007 година Стефанија работи во Македонската опера и балет како балетски играч. Како дел од ансамблот, но и со соло улоги, таа учествува во целиот репертоар на Балетот и Операта. Стефанија е дел од Булфрогс Балет од 2016 година каде работи како балетски педагог по класичен балет.