Снежана Филиповска

Снежана Филиповска

Стручен соработник

Снежана Филиповска по завршувањето на средно балетско училиште ја започнува својата кариера во Македонскиот Народен Театар. Во 1973 година се запишува на државниот институт за театарска уметност во Москва- Русија. Како пракса за време на студиите Снежана една година е дел од балетската трупа на Баљшој театар. Во 1978 година, таа се здобива со титула магистер по уметност. Во 1981 година се запишува на катедрата за кореографија при руската академија за театарски уметности во Москва. Во 1993 станува доктор на науки по балетска педагогија. Од 1993 до 1997 година Снежана е уметнички директор на балетот при Македонскиот народен театар. Во областа на балетската уметност таа се развива во повеќе правци: била солист на балетот при Македонската опера и балет, педагог - репетитор, кореограф и балетски театролог. Од 2010 година таа е и вонреден професор на факултетот за музичка уметност- отсек балетска педагогија. Од 2017 година Снежана е стручен соработник во Bullfrogs Ballet School.