Ева Џингова

Ева Џингова

Балетски педагог

Ева Џингова своето балетско образование го започнува на пет годишна возраст во државно музичкиот и балетски училишен центар Илија Николовски Луј. Во класата на проф. Сања Шутевска завршува нижо а подоцна и средно образование. Сега е студент на Факултетот за музичка уметност, при Универзитетот 'Св. Кирил и Методиј', на катедрата за балетска педагогија. Во улога на наставник по балет за прв пат се стекнува во балетското училиште 'Reverans' . Меѓувреме, по завршувањето на матурските испити, хонорарно е вклучена во ансамблот на Македонската опера и балет. Во 2018 станува дел од 'Bullfrogs ballet school'.