Анастасија Бачевска Васиќ

Анастасија Бачевска Васиќ

Менаџер за уписи, маркетинг и комуникации

Анастасија дипломира на факултетот за дизајн и ентериер при Европски Универзитет во Скопје, а по завршувањето се запишува на магистерски студии на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, отсек - сценска уметност. Анастасија е дел од Bullfrogs Ballet Production од 2015 година, поради љубовта и пасијата кон уметноста, како и поради нејзините одлични комуникациски вештини и способности. До сега Анастасија работела на неколку продукции на Bullfrogs Ballet Production како: “Сон на летната ноќ”, годишните балетски рецитали и летните балетски школи. Анастасија како менаџер за уписи и комуникација со клиенти се стреми секој клиент да е навремено информиран за сите активности, проекти и новости во тековната година, како и за информирање на нови заинтересирани клиенти за начинот на работа и програмата на училиштето. Грижата кон учениците е на високо ниво во училиштето токму поради одличните менаџерски способности на Анастасија. Исто така, таа создава организирана база на податоци за секоја гранка поврзана со училиштето и образовниот систем, со цел лесно и брзо функционирање на сите останати менаџери. Анастасија секојдневно е во соработка со менаџерот на балетското образование, балетските педагози и со учениците и нивните родители/старатели. Кога станува збор за времето на реализација на обемните проекти таа е задолжена за координација на целиот балетски тим.