Надица Цикарска Ристеска
Балетски Педагог
Надица завршува средно образование во 1977 година во Средно Балетско Училиште во Скопје, во класата на Ѓурѓуца Јовановска. Во текот на својата кариера има посетувано неколку семинари за балет и џез балет на летна балетска школа во Ровињ.
Надица започнува да игра во Македонскиот Народен Театар (МНТ) уште на 17 години, во претставата „Ѕидот водата“ од Живко Чинго, а заедно со балетот на МНТ гостуваат во Албанскиот Театар, со претставата „Мартеса (Женидба)“. Во 1977 година, таа почнува да работи во Македонска Опера и Балет (МОБ) како балетски солист, настапувајќи во преку 30 балетски претстави, меѓу кои „Валпургиска ноќ“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“, „Болеро“, „Рајмонда“, „Жизел“, „Оревокршачка“, „Кармина Бурана“, „Бајадерка“ и други. Дополнително, како дел од МОБ има настапувано во повеќе од 20 опери и оперети. Заедно со МОБ има остварено гостувања во Франција, Полска, земјите од поранешна Југославија, Тајван, Италија… Како дел од балетската група „Свинг“, а потоа и како група на МНТ – заедно со повеќе естрадни уметници – Надица настапувала на Македонската телевизија во голем број музички емисии.
Од 2000 до 2010 година, Надица работи како балетски педагог во детското балетско студио „Туту“. Паралелно со тоа, таа работи како кореограф и педагог во детската емисија „Сител Бамбини“, од 2001 до 2008 година. Надица станува дел од Bullfrogs Ballet School во 2013 година, каде работи како балетски педагог со неколку групи. Исто така, ја игра улогата на Г-ѓа Ханиген во балетската претстава „Ени“, во продукција на Bullfrogs.