Надица Цикарска Ристеска
Балетски педагог
Нада Ристеска по завршувањето на средно балетско образование во 1976/1977 во Средното Балетско Училиште во Скопје, најпрво се вработува како ансамблов балетски играч во Македонска опера и балет, а набрзо потоа станува и солист. Таа танцувала во сите балетски и дел од оперските претстави на Македонската Опера и балет, меѓу најзначајни претстави се: „Снежана и седумте џуџиња“, „Време за љубов“ и тн. Преку балетската куќа Ристеска патувала на речиси сите турнеи во Полска, Франција, Тајван, Италија. Исто така учествувала во албанската драма „ Женидба“ во продукција на Албанскиот театар. Осум години работела како кореограф во Сител телевизија на проектот Сител бамбини. Од 2004-2005 година таа започнува да соработува со дел од државните детски градинки и основни училишта, каде преку активноста ритмичка игра го пренесува своето знаење на младите генерации. Ристеска е дел од Bullfrogs Ballets School од 2010 година, каде работи како балетски педагог во програмата за предучилишно образование. Во 2013 година игра главна улога во кореодрамата „Ени“, а во 2018 игра главна улога во балетската претстава „Танцот на кадетите“