Надица Панковска
Менаџер за маркетинг и односи со јавност
Надица е студент на на архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во доменот на маркетинг и комуникации Надица работела со различни компании, со високо-образовни институции како и во граѓанскиот сектор. Од 2014 до 2016 таа работи како координатор за маркетинг и односи со јавност во Борд на Европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје. Во март 2016 година работи односи со јавност во рамките на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon. Од 2015 година таа станува дел од Bullfrogs Ballet School како менаџер за маркетинг и односи со јавност и работи на сите тековни активности на училиштето. Во 2016 година Надица се приклучува и во Bullfrogs Ballet Production преку проектот „Сон на летната ноќ”. Таа е одговорна за тимот за информатички сервиси кој ја информира јавноста за проектите што следат преку конвенционални и социјални медиуми.