Игор Веланоски
Балетски педагог
Игор Веланоски започнува со своето балетско образование на 11 годишна возраст. Основно училиште завршува во “Илија николовски – Луј” во класата на проф. Елисавета Кушовска. По завршувањето на средно балетско образование се вработува во Македонска Опера и Балет, а набрзо потоа станува солист во националниот театар. Едни од најзначајните улоги кои ги има изведувано се: Петар Пан, Родбарт, Па Де Труа – Лебедово Езеро, Есмералда-крал, Рајмонда-двојка, Оревокршачка-принц, Снежана и седумте џуџиња-принц, Кармина Бурана-водух, Дон Кихот-Еспадо, Селско Падеде, Жизел-Хиларион и т.н. Често гостува и настапува надвор од земјата и тоа во: Јужна Кореа, Дубаи, Италија, Франција, Њу Јорк, Бугарија, Австрија и т.н. Соработувал со многу светски репетитори и кореографи по класичен и современ балет. Во 2014 година завршува балетска педагогија на Факултет за музичка уметност . Со Bullfrogs Ballet School соработува од 2010 година каде за прв пат учествува во балетската претстава „Аметист”, а потоа во кореодрамата „Ени” и балетските продукции „Лебедово езеро” и „Сон на летната ноќ”. Моментално работи како педагог по класичен балет и ја предводи балетската Фондација за момчиња на Bullfrogs Ballet School.