Бојан Лазаров

Бојан Лазаров

Драмски актер

Бојан е дипломиран драмски актер од Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на својата актерска кариера, тој остварува учество во 19 театарски претстави, перформанси и филмови, меѓу кои „Класен непријател“, „Очевидец“, „Gonna getcha”, „Непокор“, „Хеда Габлер“, „Аморика“,  „Стаклена менажерија“, „Соочување“ и други. Во 2014 ја режира првата претстава „Дон Жуан“ по текстот на Молиер.

Во 2014 година Бојан се запишува на магистерски студии по Балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и истата година дебитира како кореограф на претставите „Шах Мат љубов моја“ и „Илузија – ZUCCО“.

Бојан е дел од ББС уште од 2011 година, кога ја одигрува улогата на капетанот вон Трап, во балетската претстава „Моите песни, мои соништа“. Две години подоцна, тој ја одигрува улогата на Рустер во балетската претстава „Ени“. Од 2014 година, Бојан работи во ББС како педагог по актерска игра, предводејќи ја театарската група на ББС. Во Мај 2015, тој ја режира детската претстава „Ивица, Марица и летечкото прасе“, во продукција на Булфрогс.