Благородна Коцева Симјанов

Благородна Коцева Симјанов

Костимограф

По завршувањето на средното образование, Благородна се запишува на школата за мода и дизајн на Никола Ефтимоф, каде се образува од 2002 до 2003 година. Во 2003, се запишува на студии по дизајн на „Национална Художестена Академија“ во Софија – Бугарија и во 2007 година станува Дипломиран Ликовен Уметник на Катедрата за Мода.

Во текот на својата кариера како дизајнер, Благородна има учестувано на неколку модни ревии и изложби, меѓу кои „Pro-Arts“ фестивалот во МСУ (2003), „Belle Époque” – МСУ (2003), групната модна ревија „My Favorite Movie” во Софиската градска галерија во Бугарија (2007), групната модна изложба „Простор 2012 – Пространство за млад дизајн“ во Софија – Бугарија (2012). Во периодод јули 2009 до мај 2010, таа  работи како дизајнер за модната куќа „Елеа Лука“ во Скопје – Македонија.

Благородна е дел од Bullfrogs Ballet School од 2011 година, каде ги дизајнира костмите за балетските претстави „Аметист“, „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Лебедово езеро“, но и за Промоцијата на BMW 3 Series, каде Bullfrogs Ballet Company ја отвораат промоцијата.