Ана Димчевска
Креативен директор
Ана Димчевска завршува во ДСУПУ Лазар Личеновски во 2004 година и веднаш се запишува на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и во 2009 година станува Дипломиран Графичар. Како ликовен уметник, Ана има реализирано 2 самостојни изложби во Скопје и Белград и 10 групни изложби. Вработена е во НУ Музеј на Македонија – Скопје како конзерватор за метал.
На 6 годишна возраст, Ана започнува да спортува ритмичка гимнастика. Во текот на нејзината 8 годишна кариера, таа има учествувано на повеќе од 20 државни и регионални натпревари. Од 2004 до 2005 година почнува да посетува часови по класичен и модерен балет во балетското студио “Сцена” во – Скопје, каде учествува и во годишниот балетски рецитал. Во 2007 година Ана продолжува со балетското образование кај педагогот Ирена Лозинска и веќе истата година игра во ансамблот на балетската претстава “И жената знае да вози” во кореографија на Александра Никифоровски, а подоцна и во двете репризи на истата.
Ана е дел од Булфоргс од отворањето на училиштето и работи заедно со креативниот тим на сите продукции, најмогу при подготовка и изработка на сценографиите и костимите, како и на шминка и фризура.