Александра Никифоровски
Генерален директор
Александра Никифоровски во текот на својот живот активно изучува класичен балет од врвни балетски педагози во земјата и странство и својата љубов кон балетот ја насочува кон кореографирање на балетски претстави. Во 2008 година дипломира на економскиот факултет во Скопје. Во 2009 таа се охрабрува да ги основа продукцијата Bullfrogs Ballet Production и балетското училиште Bullfrogs Ballet School. Како директор на продукција Александра успешно ги користи своите знаења од економијата во корелација со уметничката нишка. Во своето повеќегодишно творење во балетската уметност има создадено повеќе авторски дела како „И жената знае да вози“ (2007), „Тесеракт“ (2010), „Аметист“ (2011), како и адаптирани балетскипродукции: „Моите песни, моите соништа (2012)“, „Ени“ (2013, 2014, 2015), „Тарантела“ (2012, 2015), „Лебедово Езеро“ (2015), и „Сон на летната ноќ“ (2016). Покрај овие проекти Александра има голем удел во развојот на културата преку создавање на стратегија која со своето имплементирање ќе придонесе кон подобрување на културната клима во Скопје. Низ годините Александра постојано се стреми кон напредување во својата професионална компетентност. Нејзина цел е развивање на балетска уметност и квалитетно балетско образование, преку примена на одржливи планови и програми. Александра како генерален директор е надлежена за целокупна координација, имплементација и следење на работата во компанијата.