Аби Ричардсон

Аби Ричардсон

Балетски асистент

Аби Ричардсон започнува да танцува во Mid-Michigan Highland танцовата академија во Алма, Мичиган (САД) 2000 година, паралелно натпреварувајќи се во Шкотски Хајленд 6 години. Во тоа време таа се запишува и на Academy of Performing Arts Center во Алма, Мичиган, каде што посетува часови по класичен балет и ритам-џез. Во 2005 година станува член на DuHadway Dance Dimensions елитниот натпреварувачки тим, со кој се натпреварува во повеќе танцови жанрови. Во DuHadway Dance Dimensions Аби посетува часови по џез балет, степ, чечети балет, хип хоп и уличен танц, театарски мјузикл, современ и модерен балет, како и часови по класичен балет. Во рамките на компанијата таа се натпреварува и како солист и како дел од танцовата група. Дополнително, има одиграно неколку главни улоги во годишните претстави на компанијата. Веќе 15 години Аби активно се натпреварува во неколку танцови жанрови организирани во Северна Америка. Од 2013 до 2015 година Аби работи како кореограф во Варсити Пом Пон тимот на средното училиште Алма, во Мичиган, САД. Дополнително, секоја година таа волонтира во организацијата Child Advocacy Events во Централен Мичиган како професорка по танц. Од 2015 година започнува да предава хип хоп и уличен танц во Spartan танцовата компанија во Мичиган. Во изминатите 7 години таа е асистент по танц во DuHadway Dance Dimensions, каде предава класичен балет, џез балет, ритам & движење, степ, и хип хоп. Аби започнува да работи како демонстратор по класчен и современ балет во Булфрогс во Септември 2015 година.