Јоана Стојчевска

Јоана Стојчевска

Инструктор по aerial stretching

Јоана тренира ритмичка гимнастика од 5 годишна возраст во спортскиот клуб „Наум Наумовски Борче“ во Скопје. Во текот на својата 10 годишна кариера има учествувано на повеќе од 40 државни натпревари, и била дел од македонската репрезентација на повеќе меѓународни и балкански натпревари. Таа е повеќекратен државен првак на Македонија во ритмичка гимнастика, а во 2006 година Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија ја прогласува за најдобра ритмичарка во својата категорија. Во склоп на тренинзите по гимнастика зема дополнителни часови по класичен балет, додека активно започнува да се занимава со балет во 2008 година. Од основањето на Bullfrogs Ballet School во 2009 година, Јоана своето балетско образование го продолжува таму. Таа станува дел од ансамблот во балетските престави: „И жената знае да вози“, „Тесеракт“ и „Аметист“. Во 2010 година Јоана станува асистент на часовите по класичен балет на почетните групи. Во 2015 година своето знаење и искуство од ритмичката гимнастика го пренесува на учениците во форма посебни часови за подобрување на флексибилноста. Во 2015 година Јоана посетува работилница за флексибилност водена од Даша Совик - руски тренер за флексибилност. Во 2016 година посетува семинар за флексибилност во Пула- Хрватска, одржана од повеќе странски инструктори. Во 2017 година започнува да тренира Aerial sling. Во 2018 година Јоана посетува обука за флексибилност за водушни спортови (Flexibility for pole and aerial) и станува сертифициран инструктор на Spin City.