-
Кога балетот ја среќава природата
Инспирирани од идејата на фотографот Dane Shitagi и неговиот „Ballerina Project“, како и од прошетките низ прекрасната природа на градот Охрид за време на летната балетска школа во 2015 година, тимот на ББС го започна мини проектот „Кога балетот ја среќава природата“.
Целта на овој проект е младите балерини да ги изразуваат своите чувства и емоции не само на театарските сцени, туку и во неформална средина – природата.