Лебедово езеро

Балетска Продукција
  • „Лебедово Езеро” премиерно е одиграна во јуни 2015 година во Македонски Народен Театар, а потоа е репризирана  во декември 2015 година, со вкупна посетеност од околу 1400 гледачи.

    Синопсис

    Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказната за трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид, продукцијата на ББС изведувана од млади балетски играчи внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење. Приказната пренесува дека во борбата помеѓу доброто и злото, доброто секогаш ќе надвладее, бидејќи љубовта е посилна од сe. Приказната започнува на езерото. Принцот Зигфрид е тажен поради неможноста да и помогне на Одета да ја скрши магијата која Родбарт и ја има фрлено, претворајќи ја во лебед. Магијата може да се скрши само доколку некој кој никогаш нема љубено ѝ се заколне на вечна љубов на Одета. Додека таа се обидува да го утеши Принцот, се појавува Родбарт и ја претставува неговата ќерка Одилија, која го заведува Зигфрид. Под влијанието на Родбарт, Зигфрид и ветува на Одилија дека ќе се ожени со неа, па тие заминуваат заедно. Одета му се спротивставува на Родбарт, кој уште еднаш и покажува дека се додека е жив ќе биде помоќен од неа. Кога Зигфрид оди сам на езерото по лов на лебеди, ја забележува Одета во нејзината човечка форма, мислите му се избиструваат, па веднаш посакува да го убие Родбарт. Одета му објаснува дека ако Родбарт умре пред магијата да биде скршена, таа засекогаш ќе остане лебед. Целта на Родбарт е да си поигрува со животот на Одета и Зигфрид, па секогаш кога тие двајца се заедно, тој се појавува и манипулира со чувствата на Зигфрид. Во моментот кога Зигфрид и Одета повторно се среќаваат на езерото сами, Принцот бара прошка од неа, колнејќи и се на вечна љубов. Штом Родбард дознава, ја грабнува

    Одета, но лебедите го известуваат Зигфрид за овој настан, па тој трга да ја спаси. Принцот пристига на езерото и ги наоѓа Родбарт и Одета. Бидејќи магијата фрлена врз Одета е прекината во моментот кога Зигфрид ѝ се заколна на вечна љубов, тој тргува во борба со Родбарт и го поразува. Така Одета и Зигфрид живеат среќно до крајот на животот.

    Кореографија: Александра Никифоровски
    Асистенти на кореографија: Елена Митевска, Кристина Димовска, Ана Димчевска, Игор Веланоски.
    Музика: Петар И. Чајковски
    Костимограф: Благородна Коцева Симјанов
    Улоги:     Одета: Теа Стефановска/Јана Трпковска,
                      Одилија: Керолајн Бутемер/Федерика Ј. Донегати,
                      Принц Зигфрид: Фатмир Смани (Национален Балет на Косово),
                      Родбарт: Крешник Мусоли (Национален Балет на Косово)
    Ансамбл: Учениците од ББ Училиште
    Шминка:  Снежана Ангеловска Живковска

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА

    ФОТОГРАФИИ ПОЗАДИ СЦЕНА