Моите песни, моите соништа

Мјузикл
  • „Моите песни, моите соништа” премиерно е одиграна во Јуни 2012 година во МНТ Центар, со вкупна посетеност од околу 400 гледачи.

    Синопсис

    Австрија, златните триесетти години од 20 век. Капетанот вон Трап, некогашен офицер во Кралската Морнарица, по прераната смрт на неговата сопруга се обидува своите 7 деца да ги воспита со воведување воена дисциплина и во домот. Но малата ,,воена единица“ e секогаш полукава од нејзиниот ,,врховен командант” и од дадилките кои треба да бидат неговата замена. Токму затоа, дадилките постојано се менуваат, неможејки да издржат со малите палавковци, се додека еден ден не се појави убавата Марија, калуѓерка од блискиот манастир, која со својата животна радост пркоси на строгите правила на ред во манастирот. Затоа, таа ќе биде пратена во домот на Вон Трапови за привремено да се грижи за 7-те деца на капетанот. Марија е изненадена од воената дисциплина што владее во домот вон Трап и сака на непосреден начин да внесе малку музика во животот на децата, игра, смеа, а за возврат ја добива детската симпатија и љубов. Несебичната природа на девојката не го остава рамнодушен ниту капетанот.

     

    Кореографија: Александра Никифоровски
    Музика: Sound of music, the Movie (1965)
    Улоги: Марија – Александра Никифоровски, 
    Капетанот вон Трап – Бојан Лазаров,
    Баронеса – Анета Трпковска,
    Лисл – Анастасија Ангеловска,
    Лујза – Мартина Ефремовска,
    Фридрих – Мартина Самаракова,
    Курт – Ана Ташковска,
    Бригита – Јана Трпковска,
    Марта – Теа Стефановска,
    Гретл – Зои Пилтон
    Калуѓерки – Кристина Димовска, Јанева Елена, Јоана Стојчевска, Елена Митевска
    Ансамбл: Учениците од ББ Училиште

    Видео од балетската продукција

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА