Јас и Тарантела

Балетски Рецитал
  • „Јас и Тарантела”  премиерно е одиграна во јуни 2014 година во Драмски театар, а потоа е репризирана  во Март 2015 година, со вкупна посетеност од околу 700 гледачи.

    Тарантела е брз танц во 3/8 или 6/8 такт, карактеристичен за Јужна Италија. Тарантела е карактерна игра која е нужно повразана со класичниот балет.

    Името Тарантела се претпоставува дека доаѓа од отровниот пајак тарантула. Според легендите, по каснување од отровниот пајак, се смета дека преку танцот на овие брзи ритмички движена се “протеруваат” отровните материи. За прв пат е спомант како “терапевтски танц” во 17 век. Подоцна овој танц започнува да симболизира љубов и страст. Во балетскиот танц “Јас и Тарантела” се пренесува љубов кон танцот, насмевката и веселата игра како поединец и како група. Пораката која е пренесена е дека луѓето можат да се сакаат и почитуваат меѓу себе како во мнозинство така и како индивидуа. Единственото нешто кое може да ги излечи сите рани нанесени од општеството, е танцот Тарантела.

     

    Кореографија: Александра Никифоровски

    Асистент кореограф: Елена Митевска

    Костимограф: Acid wear girls

    Ансамбл: Учениците од ББ Училиште

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА