Аметист

Балетска Продукција
  • „Аметист” премиерно е одиграна во септември  2011 година во МНТ Центар, со вкупна посетеност од околу 450 гледачи.

    Синопсис

    „Го меркам само онака фустанот, сомничава. Покрај нерешителноста да го прифатам, уште повеќе се плашам дека нема да ми прилега. Нерешителноста е крпа, онака како што храброста, емотивноста и искреноста се свила, а јас сум само безобличен фустан на прерамки со виолетов пeчат…“ Аметист е приказна за судбината и нејзиното предвремено пишување, приказна за љубовта со безброј непредвидливи случувања, испреплетена со измешани чувства.

    Средби и размислувања каде што тој оди, а таа брза. Доживувајќи ги нивните средби и разминувања, со сите воздишки и погледи, се раскажува приказната за безвременската платонска љубов и за борбата со чувствата. За детето во себе и одлуката истото да се остави зад себе, да се надмине чувството дека сме водени од детското невино размислување… затоа што на секого му треба некој. Се соединуваме и се разидуваме, секогаш така во круг. Понекогаш се сакаме, понекогаш чувството дека сме блиску еден до друг не оттргнува уште повеќе. Никогаш не постои прецизно утврден план на движење, но зарем убавината не е во тоа да се откриваат сите запрени движења и секогаш да се продолжува од каде што претходно се застанало. Имајќи на ум дека каменот на среќата е секогаш стиснат силно во дланката, стравот е само привремено чувство. Да владееш, да надвладееш, да почувствуваш смелост и допир. Да дишеш како едно, да замижиш, а сепак да знаеш каде се движиш. Нешто треба да се заврши, нешто треба да започне. Да, тоа е, секогаш во никогаш.

     



    Кореографија:
    Александра Никифоровски
    Музика: Pachelbel – Canon in D
    Улоги: Жена – Александра Никифоровски,
    Храброст – Елена Јанева,
    Емотивност – Кристина Димовска,
    Искреност – Јоана Стојчевска,
    Маж – Игор Велановски

     

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА