-
Датум: 16.11.2019Час: 10:00-11:30 и 12:00-13:30
Локација: Bullfrogs Ballet School
Предавач: Бојан Лазаров
Времетраење: 1 часа по 30 минути
Последен датум за аплицирање: 01.11.2019
Оваа работилницата е наменета за млади балетски уметници и опфаќа запознавање со основите на актерската игра. Развивањето на балетските играчи со актерски етиди е важен дел од балетското образование.
Целта на оваа едукативна работилница е балетските играчи преку изучување на вежбите од актерска игра, да се здобијат со креативност, да ја развијат својата фантазија, експресивност, свест за себе и партнерите, да постигнат јасна емотивна изразност и создавање на визуелно јасни и чисти слики. Преку актерски етиди во кои претежно се користи телото како инструмент за пренесување на информација, карактер, содржина, односи со партнери и емоции, да се дојде до создавање на најсоодветни надворешни облици на израз. Преку различни вежби, актерската игра помага во развивање, усовршување и дооформувањето на еден балетски уметник.
Првиот дел се состои од кратко теоретско предавање за актерска игра, каде ќе бидат објаснети суштинските карактеристики и како таа е тесно поврзана со балетската уметност. Потоа ќе се направат неколку вежби за изучување на одредени техники за пренесување на емоции, карактер, содржина и дејство, развивање на фантазија и работа со партнер. На крајот од оваа работилница учесниците ќе имаат можност да го презентираат тоа што го научиле и преку сопствена интерпретација да го применат во одредено парче од некоја веќе изучена балетска кореографија.Учество во работилницата e бесплатно.
10:00 – 11:30 часот – за учесници на возраст од 7 до 10 години
13:00 – 15:00 часот – за учесници на возраст од 11 до 16 години
Максимален број на учесници во една група е 15. Поради ограничениот број на места, предност ќе имаат оние кои први ќе аплицираат.
По Вашата апликација ќе добиете повратен е-mail за начинот на плаќање и потврда за Вашето аплицирање .
Бојан Лазаров е роден на 29.04.1991 година во Штип. Во 2009 година го завршува своето средно образование во ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ во Штип, инструментален отсек – пијано.
Од 2009 до 2013 е редовен студент на одделот за Драмски актери на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Професор Владимир Милчин. За време на студиите е дел од повеќе работилници во Македонија, Германија, Франција, Италија, Русија…
Дипломира со дипломската претставата „Прогонот и убиството на Жан-Пол Мара во изведба на трупата на дипломците“, со просек 9.59 и се здобива со стручно звање Дипломиран актер.
Пројавува посебен интерес во областа на сценските движења и танци, па како помагател во настава по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за драмски уметности, активно се вклучува во учебната 2014/15 година. Како актер кој покажува особен талент во движењето на сцена и танците, тој е повикан од приватното балетско училиште „Bullfrogs Ballet School“ да биде дел од неколку претстави, а потоа и како инструктор по глума во истото.
Во декември 2016 успешно го брани магистерскиот труд, под менторство на Професор Кренаре Невзати – Кери, со наслов „Улогата на предметот Сценски движења и танци на патот кон телесна артикулација на идните актери“ и од 2017 година е Доцент по предметот Сценски движења и танци на Факултетот за Драмски Уметности.
Во својата кариера е дел од повеќе театарски и танцови проекти, како актер, режисер и кореограф, меѓу кои: „А што потоа?“, „Ени“, „Соочување“, „Библијата“, „Мои песни, мои сништа“, „Сонот на Вилијам“, „Ивица, Марица и Летечкото прасе“, „Систем ерор“, „Шах-мат љубов моја“ итн.
Бојан Лазаров е доцент на Факултетот за драмски уметности по предметот сценски движења и танци. Воедно, тој е и долгогодишен стручен соработник за актерска игра на Bullfrogs Ballet School. Тој ужива во работата со деца и млади и несебично го пренесува своето знаење.Error: Contact form not found.