Апликација за балетско образование

BULLFROGS BALLET SCHOOL

Програма за предбалетско образование

Предбалетското образование е програма предвидена за момчиња и девојчиња на возраст од 3 до 9 години.

Предбалетското образование е поделено во три нивоа и тоа:

ПОЧЕТНО НИВО – Предбалетска дивизија, Предбалет I, Предбалет II, Предбалет III

СРЕДНО НИВО – Подготвително ниво I, Подготвително ниво II

НАПРЕДНО НИВО – Подготвително ниво IIА

За учениците од предбалетска дивизија, предбалет I, предбалет II не е потребна аудиција пред запишувањето во училиштето, бидејќи се распределуваат според возраста, додека за учениците од предбалет III, подготвително ниво I и подготвително ниво II покрај возраста се зема предвид и нивното балетско искуство и стекнато знаење.

На часовите во детските дисциплини или предбалеткото образование, учениците се запознаваат со основниот концепт предвиден во годишната програма, зависно од нивото во кое посетуваат настава. Во предбалетското образование учениците се фокусирани на основни чекори и терминологија, музикалност, флексибилност и креативно изразување.

Во овие нивоа се обрнува внимание на интеракција, креативност, кореографија и осознавање на телото и мускулите. Напредокот од ниво во ниво се заснова на годишни оценувања за техничка способност на секој ученик поединечно, неговата физичка способност, сила, напор како и редовноста и активното учество на часовите во текот на целата година.

Секоја учебна година трае од 1 септември до 15 јуни.

На крајот на секоја учебна година учениците имаат можност да учествуваат во годишен концерт за да ги истакнат нивните достигнувања во текот на целата учебна година и да стегнат искуство со сценска изведба.

Преку различните проекти на Булфрогс Продукција, учениците имаат можност да учествуваат и во балетски претстави, преку претходна аудиција.