Александра Никифоровски

Александра Никифоровски

Балетски педагог

Александра Никифоровски во текот на својот живот активно изучува класичен балет од врвни балетски педагози во Македонија. Во 2005 година работи како асистент по модерен балет во Културно информативен центар „Сцена”. Во 2006 година таа го продолжува своето балетско образование на балетската Академија СИБА во Салзбург – Австрија. Истата година таа е дел од Атинската Seresta Dance Company. Од 2009 година го продолжува своето образование кај врвни педагози – поранешната примабалерина Јагода Славева и поранешниот истакнат солист Елена Митевска од Македонската Опера и Балет. Во 2007 година работи како балетски педагог по класичен балет во балетско студио „Туту”. Пренесување на своето знаење и балетска техника е една од најјаките особини и затоа таа се одлучува во 2009 година да го основа балетското училиште Bullfrogs Ballet School каде работи како балетски педагог и кореограф. Во девет годишното работење со деца, Алексансдра има едуцирано преку 800 ученици. Низ годините Александра постојано се стреми кон напредување на својата професионална компетентност. Таа во 2017 година, во Атина посетува обука за техника за балетски развој (Progressing ballet technique) со цел да овозможи уште поквалитетно балетско образование за своите ученици. Оваа година таа ќе магистрира на Факултетот за музичка уметност - отсек балетска педагогија.