• Програма на летна балетска школа

    Датум:  20.06.2021 – 14.07.2021

    Локација за настава: Основно училиште Климент Охридски – Охрид

    Професори:

    Александра Никифоровски, класичен балет и Техника за балетски развој

    Јоана Стојчевска, растегнување и флексибилност

    Ева Џингова, класичен балет

    Бојан Лазаров, актерска игра

    Времетраење:

    I сменa: 20.06.2021. – 27.06.2021.
    II сменa: 28.06.2021. – 05.07.2021.
    III сменa: 07.07.2021. – 14.07.2021.

    Краен рок за аплицирање во сите нивоа од летните школи е 1 јуни во тековната година.

    Секоја година Bullfrogs Ballet Production реализира три интернационални летни балетски школи наменети за деца и млади балетски уметници во Охрид, Македонија. Bullfrogs летните балетски школи се под водство на уметничкиот директор, додека секоја годниа се поканети различни педагози за реализирање на програмата.

    Програмате е поделена на 3 целини:

    • Едукативен дел, кој опфаќа часови по класичен балет, техника на балетски развој, современ танц и часови за подобрување на флексибилноста.
    • Креативен дел, кој опфаќа креативни работилници за потикнување на учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.
    • Рекреативен дел: – време за дружење и неформални активности (прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за плажа)

    Целта на овие балетски школи е за време на летниот период да не се наруши континуитетот на целогодишното вежбање на учениците, но и меѓусебно дружење и запознавање.

    До сега се реализирани 16 летни балетски школи со вкупна посетеност од 307 учесници.

    Програмата за летната школа е адаптирана според возраста и знаењето на
    учениците. Часовите се дизајнирани да ги предизвикаат учениците да ги развиваат
    нивната музикалност, артистичко изразување и балетските еполмани, како и да го
    издигнат своето ниво на танцување повисоко. Се работи на дополнително зајакнување
    на корпусот, нозете и стапалата, на посветеноста и уметничкиот интегритет на
    учениците. Во зависност од возраста и балетското искуство, часовите вклучуваат
    различно ниво на комплексност на комбинации на вежби и движења, а се воведуваат и
    основни вежби на шпиц патики во рамките на часовите по класичен балет (за оние
    ученици кои се спремни за тоа).

    КЛАСИЧЕН БАЛЕТ
    Часовите по класичен балет на летните школи се фокусирани на правилно
    поставување на телото на учениците за понатамошни нивоа. Се раотат различни
    техники, од Floor Barre – која е исклучително важна за зајакнување на абдоминалните
    и грбните мускули, вежби на балетска палка и вежбите кои се работат во средина на
    салата. Вежбите за креативно движење, танцување и координација служат како
    основа за понатамошнен физички и когнитивен развој на учениците. Се изучуваат и
    конкретни балетски парчиња и кратки кореографии.

    ТЕХНИКА ЗА БАЛЕТСКИ РАЗВОЈ (ПБТ)
    ПБТ е иновативна програма која им овозможува на учениците да ја разберат важноста
    и суштината на мускулната меморија, за постигнување на лични успеси во класичниот
    балет. Самата техника предвидува работење со топки,кои поради нивната мобилна
    природа ги тераат учениците да се фокусираат на одржување на баланс, но и на
    правилно поставување на телото, развивајќи мускулна меморија за класичните
    балетски вежби. Техниката вклучува и корективни вежби за искривувања во грбот и
    нозете.

    РАСТЕГНУВАЊЕ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ
    Часовите за растегнување се дизајнирани да ја подобрат флексибилноста на
    учениците но и да ја зајакнат нивната мускулатура, за полесно изведување на вежбите
    во класичниот балет и другите танцови форми.

    АКТЕРСКА ИГРА
    Целта на оваа програмата е балетските играчи преку изучување на вежбите од
    актерска игра, да се здобијат со креативност, да ја развијат својата фантазија,
    експресивност, свест за себе и партнерите, да постигнат јасна емотивна изразност
    и создавање на визуелно јасни и чисти слики. Преку актерски етиди во кои
    претежно се користи телото како инструмент за пренесување на информација,
    карактер, содржина, односи со партнери и емоции, да се дојде до создавање на
    најсоодветни надворешни облици на израз. Преку различни вежби, актерската
    игра помага во развивање, усовршување и дооформувањето на еден балетски уметник.
    Програмата за актерска игра се состои од теоретско предавање за актерска игра, каде
    ќе бидат објаснети суштинските карактеристики и како таа е тесно поврзана со
    балетската уметност. Исто така во овие часови ќе се воведуваат вежби за изучување
    на одредени техники за пренесување на емоции, карактер, содржина и дејство,
    развивање на фантазија и работа со партнер.

    КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
    Покрај едукативниот дел се оджуваат и креативни работилници кои ги потикнуваат
    учениците да се изразуваат преку различни ликовни и уметнички техники.

    07:30 – 09:00 Будење и појадок

    09:30 – 11:00 Класичен балет

    11:00 – 11:30 Пауза

    11:30 – 12:30 Техника за балетски развој (ПБТ) или растегнување и флексибилност

    12:30 – 13:30 Ужина и Одмор

    13:30 – 15:00 Креативна работилница

    15:00 – 16:00 Ручек

    16:00 – 19:30 Време за слободни активности

    19:30 – 20:30 Вечера

    20:30 – 22:30 Вечерни активности

    ОПШТИ УСЛОВИ

    Секој ученик кој има полни 5,5 години има можност да биде дел од летната балетска школа. Програмата е создадена соодветно со балетското искуство и возраста на учесниците.
    За учество во Летната балетска школа потребно е да се пополни апликациониот формулар, како и да се уплати депозит за резервација на местото.

    Краен рок за аплицирање е 01 јуни во тековната година

    Важно е апликацијата да биде детално пополнета и да содржи точни информации во врска со алергии и/или специфичен вид на храна која му е потребна на ученикот.
    По затворање на апликациите, но не подоцна од 01 јуни во тековната година, ќе добиете повратна информација за потврда на учеството на ученикот на летната школа, како фактура за уплата на депозитот.

    ОТКАЖУВАЊЕ НА УЧЕСТВО

    Во случај на откажување на учеството на детето, постои можност за рефундирање на уплатените средства во следните рокови:

    Доколку учеството биде откажано најдоцна 20 дена пред почетокот на летната школа за која аплицирате, на апликантот му се враќа целосен износ од депозитот, а доколку учеството биде откажано во рок пократок од 20 дена пред почетокот на летната школа, организаторот го задржува полниот износ на депозитот.

    НАДОМЕСТОК И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

    Вкупниот надомест за целата летна балетска школа изснесува 12.800 МКД.

    Депозитот за резервација на место на летната школа изнесува 4.200 МКД.
    и е неопходно да биде уплатен во рок од 10 дена по добивање на информацијата за учество за да се резервира местото на детето.
    За остатокот од надоместокот за летната школа ќе Ви биде испратена фактура во месец јуни, која е потребно да биде уплатена најдоцна пет работни дена пред почетокот на терминот на летната школа.

    Во цената на балетската школа е вклучено:

    – 7 ноќевања;
    – Храна (3 оброци и 2 ужинки во текот на денот);
    – Флаширана вода преку целиот ден;
    – Превоз од сместувањето до градот (1 или 2 пати дневно зависно од смената);
    – Школарината за балетските тренинзи;
    – Опрема и реквизити за вежбање (топки, тегови, ластици за тегнење).

    – Превозот на релација Скопје – Охрид – Скопје не е вклучен во цената. (Родителот/Старателот треба да го донесе своето дете на зададената локација во договорениот термин);

    ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

    Секој учесник на летната школа може да порача брендирана балетска облека од училиштето, која ќе биде направена за летната балетска школа.
    Доколку сте заинтересирани да порачате балетска облека, во апликацијата пополнете го полето: „Нарачка на балетска опрема“ и внесете податоци за величина на конфекциски број на вашето дете.
    Цената на балетската облека не влегува во вкупниот надомест за балетската школа и истата не е задолжителна.

    – Балетски шорцеви Grishko: 1500 МКД
    – Брендирана Bullfrogs Summer Ballet School маичка: 500 МКД
    – Брендиран Bullfrogs Summer Ballet School дуксер: 1000 МКД
    – Меки балетски патики Grishko: 1700/1900 МКД (зависи од бројот на балетски патики)

    Сместувањето е во вила „Лаура“– Охрид. Вилата се наоѓа во населба Лескоец, оддалечена околу 3 километри од пристаништето и живописната Охридска чаршија. Секоја соба има бања, чиста постелнина и пешкири, а самата вила има дворна површина од околу 1000 м2, летниковец и многу зеленило. Кабелска телевизија и WI-FI се на располагање на учесниците.


    Како да стигнете до летната школа


    Error: Contact form not found.