Тесеракт

Балетска продукција
  • „Тесеракт” премиерно е одиграна во април 2010 година на мала сцена во Македонска Опера и Балет, како дел од Танц Фест, со вкупна посетеност од околу 300 гледачи.

    Синопсис

    Заробена во четирите бели ѕидови од каде не пробива ни малку светлина. Ја чекам таа светлина, очајно ја чекам. Копам, тече пот. Потта на мојата иднина. Потта по тоа што мечтаам и посакувам да ми се случи. Се плашам да излезам надвор, се плашам од таа светлина која постојано ме гази и ми ги потиснува чувствата. Решив. Родена сум за да ја остварам својата цел. Чувствувам премногу љубов. Не може повеќе да ме запре ни најголемата препрека. Јас го проширувам својот квадрат, се претвора во коцка. Ги кревам сите платна од каде може да прозре помалку светлина. Ги отворам прозорците. Создавам своја светлина, со свои луѓе. Не допира до мене туѓатасветлина. Земете си ја својата, јас создадов нова. Создавам хармонија која ќе ме следи, бидејќи сум добар човек, имам своја цел, знам да сонувам и да ги остарувам своите соништа. Тоа сум јас. Јас сум создадена да создавам.

    Кореографија: Александра Ангеловска                                                                                                                Музика: Јохан С. Бах
    Улоги: Јоана Стојчевска, Елена Јанева, Кристина Димовска, Александра Ангеловска

  • ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕМИЕРА

    ФОТОГРАФИИ ПОЗАДИ СЦЕНА