VII Одделение

  • Напредно ниво: Балет VII

  • Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 9 години на почетокот од учебната година

    Силабусот и програмата на оваа група е сличен со силабусот и програмата на шестото  ниво, но вежбите се покомплексни. Се продолжува со работа на физичкиот, умствениот и емоционалниот развој на учениците, вежбите на штап се покомплексни од оние во претходното ниво. Учениците во оваа група веќе работат структурирана програма од вежби на средина и продолжуваат со малите и големи скокови, балетски вртења, како и подготвителни вежби за пируети.Педагозите работат флуидноста на движењата, балансот и комбинации на вежби од класичен балет со учениците. Покрај класичниот балет, учениците ги истражуваат и другите стилови на танц и изучуваат како вежбите од класичен балет се поврзуваат во кореографија.

  • Како вашето дете да стане дел од BBS?