I Одделение

  • Почетно ниво: Балет I

  • Учениците од оваа група мора да имаат најмалку 4 години на почетокот од учебната година.

    Во оваа група учениците работат основни елементи на креативно движење и преку креативни игри тие се поттикнуваат дополнително да ги развиваат своите танцовите вештини. Учениците на оваа возраст исто така почнуват со изучување на основните елементи на балетот, најмногу со помош на балетската техника Floor Barre, која всушност претставува модифицирање на традиционалните балетски вежби на штап, при што истите се работат  во легната или седечка позиција. Преку оваа техника, малите балерини се учат правилно да го постават телото и грбот и да ги зајакнат абдоминалните мускули, за да можат во следните групи правилно да ги работат вежбите на штап. На оваа возраст се посветува големо внимание на ориентација на учениците во просторот и времето.

     

     

  • Како вашето дете да стане дел од BBS?