Јоана Стојчевска

Јоана Стојчевска

Менаџер на уметничка програма

Јоана Стојчевска е магистриран инженер архитект на архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 2006 година го започнува своето балетско образование и започнува активно да се занимава со балетска уметност, а во 2009 година станува дел од ансамблот на балетските претстави на Bullfrogs Ballet Production: „И жената знае да вози“, „Тесеракт“ и „Аметист“. Потоа Јоанa се вклучува во уметничкиот тим на продукцијата, каде успешо го насочува својот талент и креативност во реализацијата на голем дел од проектите како: „Моите песни, моите соништа“, „Ени“, „Лебедово Езеро“, „Сон на летната ноќ“ . По повеќегодишното работење во Bullfrogs Ballet Production Јоана презема одговорност како менаџер на уметничкиот тим, каде успешно ја координира работата на сите сектори и се стреми кон темелно и квалитетно извршување на обврските. Во текот на годината Јоана е надлежна за менаџирање и создавање на годишната уметничката програма која ги опфаќа сите балетски продукции на Bullfrogs Ballet Production и останатите балетски активности на Bullfrogs Ballet School. Покрај планирањето на програмата за целата тековна година, таа во големите продукции работи како менаџер на уметнички тим под кој спаѓаат секторите: костимографијата, сценографијата, сценските реквизити, маски, шминка и фризура. Нејзиното образование како архитект, нејзината посветеност и креативност, допринесуваат во воведување на иновативни решенија и примена на истите во програмата.