Кристина Димовска

Кристина Димовска

Менаџер на продукција

Своите капацитети во полето на менаџирање Кристина ги развива во текот на повеќегодишното работно искуство на различни проекти и програми, но и преку учество во голем број тренинзи за менаџирање, застапување и комуникации. Од 2009 година таа е ко-основач на здружението за културна иницијатива Тесеракт, во кое подоцна станува и претседател, а од 2013 година станува член на управниот одбор на здружението ЏЕФ Македонија. Во 2013 година таа се стекнува со сертификат за проектно менаџирање од страна на „Иницијатива за Човекови Права “ од Будимпешта. Кристина има големо искуство и во изготвување на стратегии и акциски планови од различни области. Кристина Димовска е дел Bullfrogs Ballet Production од самото основање. Таа е посветена на менаџирање и имплементирање на стратешките цели и активности на продукцијата и на училиштето. Воедно во нејзина надлежност е и остварување на меѓународни партнерства и соработки со странски училишта и продукции. Клучна особина на менаџерот на продукција е да ја разбере потребата за планирање и антиципирање, како и нејзиното значење. Кристина е секогаш подготвена на позитивни промени за организација и координација на различните активности. Таа со добро планирање и следење на логистиката за програмата во тековната година покажува успеси и раст во работата на продукцијата и училиштето.