Елена Митевска

Елена Митевска

Балетски педагог

Елена Митевска по завршувањето на средно балетско образование во 1974/1975 во Средното Балетско Училиште во Скопје, се вработува како солист во Македонска опера и балет, а набрзо потоа станува и истакнат солист. Меѓу нејзините најзначајни улоги се вбројуваат „Македонска повест“, „Комбатименто“ и „Песни за љубовта и смртта“. Заедно со балетската група Митевска патувала на голем број турнеи низ Европа и Азија и била учесник на балетски фестивали, а како солист има остварено и студиско патување во Тур – Франција. Како истакнат солист има играно во голем број на престави при Македонската опера и балет. За време на својата балетска кариера таа била асистент и репетитор на претставата „За непознатиот“. Во текот на осумдесетите години, Елена била професор по карактерни танци во Средното Балетско Училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, на учениците од трета и четврта година. Митевска е дел од Bullfrogs Ballets School од 2010 година, каде работи како балетски педагог и е одговорна за создавањето на програмата за балетското образование и работата на тимот од останатите балетски педагози.